Стотици луѓе го напуштаат градот Газа и се упатуваат на југ откако Израел ги започна, почетни фази од планираната офанзива, врз најголемиот град во појасот. Со полни автомобили, автобуси и камиони пристигнуваат во бегалскиот камп Нусеират, каде се надеваат дека ќе се задржат подолго.
Израелските власти најавија укинување на хуманитарната помош во делови на Газа. Досега дваесет и три илјади луѓе се евакуирани, откако Израел најави дека градот Газа ќе стане воена зона.
Обединетите нации предупредуваат дека и покрај раселените се уште има Палестинци кои решиле да останат во градот, бидејќи не знаат каде да одат.











