Граѓанските активисти предупредуваат дека во расправите што претстојат за предлог-законот за рударство треба да се внимава на недефинираните точки што може да бидат опасни замки со кои земјата ќе се обврзе да ископува металични суровини за потребите на Европската Унија.
Според нивните читања, вметнувањето на Актот на Европската Унија со кој секоја земја има обврска да ја снабудва Унијата со метали може да ја претвори земјата во големо рударско окно што ќе предизвика несогледливи последици по животната средина.
„Дури и комична е по малку помислата дека Македонија со своите 25 илјади километри квадратни може да ја снабди ЕУ со нејзините 4.2 милиони квадратни километри и нашите 1.5 милиони жители да обезбедат за 450 милиони жители на ЕУ, замена за критичните минерали што ги обезбедуваше Кина“, изјави Лилјана Поповска.
Поповска смета дека во законите за рударство и геологија е олеснет третманот на концесионерите по многу основи, а е намалена транспарентноста и можноста за учество на граѓаните во сите процеси. Најпроблематично, според неа е внесување на Комисија како конткат точка за стратешки проекти. Таа би предлагала, а Владата ќе одлучува што е стратешки проект. Владата потоа одлуката ќе ја прати до Европската Комисија која ќе треба да ја потврди.
„Наместо да се подигнат стандардите за работа, наместо да се преиспитаат А интегрираните дозволи, да с еземат предвид сите прекршувања на сегашните концесионери за рудници и непостапување по мерките што им се наметнати. Значи или да ги подгинат стандардите или да си заминат ако не можат да ги исполнат, ние имаме клаузула дека не важи за нив забрана за цијанид и сулфурна киселина, вели Лилјана Поповска.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека е задоволно од реакциите на јавноста и дека сите оние организации и граѓани што испратиле свои забелешки ќе бидат повикани на расправите. Целта според министерството е законите да бидат квалитетни, а постапката транспарентна.
Сузана Мицева











