Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тен Хаг доби отказ од Леверкузен по само два натпревари

/

пред 398 дена

Сподели преку :

Баер Леверкузен денеска му врачи отказ на тренерот Ерик тен Хаг по само два натпревари во новата сезона во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ освоија само еден бод, откако загубија во премиерното коло на домашен терен од Хофенхајм, а изминатиот викенд ремизираа 3-3 со Вердер иако имаа играч повеќе и две водства од 0-2 и 1-3.

Холанѓанецот беше назначен на клупата на германскиот тим ова лето како замена за Чаби Алонсо, кој го презема Реал Мадрид. Тен Хаг во октомври минатата година беше отпуштен од Манчестер јунајтед, а претходно работеше со успех во Ајакс.