Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗ: Во тек е подготовка на прелиминарна анализа

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Што откри тимот домашни експерти од досегашниот увид во медицинската документација за операциите на срце? По речиси една недела од формирањето на стручната комисија, од Министерството за здравство само кусо не информираа дека во тек е подготовка на прелиминарна анализа.

Дали тимот лекари, правници и економисти успеал во изминатите шест денови да ги прочешла сите 9, 404 медицински досиеја?

Интерната комисија активно работи и веќе е во тек подготовката на прелиминарната анализа. Комисијата е составена од врвни експерти од медицината, правото и економијата, и функционира според меѓународно утврдени стандарди и методи на работа, одговорија од здравство.

Домашните експерти го подготвуваат теренот за странскиот тим од тројца кардиолози – Министерството објави дека тимот е комлетиран, но нема информација дали е веќе во земјава и дали почнал со работа. Странските кариолози треба да го дадат клучниот одговор, дали приватни болници непотребно оперирале заради профит.

Со вакво обвинување на адреса на приватните болници излезе кардилогот Сашко Кедев. Тврдеше дека има докази дека лекари отворале граден кош, без за тоа да има медициски индикации само за да извлечат пари од Фондот за здравство.

Дел од надлежните се огласија со тврдења дека вршат редовни контроли и досега до нив не стигнала ниту една пријава за непотребно извршена операција во приватното здравство.

Во меѓувреме, министерот Алиу го повика кариологот Кедев на средба, но во јавноста не беа соопштени детали од разговорот. Здравствените власти досега соопштија дека за операции на срце, во приватното здаравство се слеале преку 50 милиони евра, за периодот од 2022-ра до 2024-та година.

Симона Петровска