Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Подготвен сум за долга војна во Украина

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е подготвен, пред сè ментално, за долга војна во Украина, и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мировна спогодба.

Откако минатата недела јавно изрази скепса дека иницијативата на Трамп ќе донесе траен мир, Мерц во интервју за германската телевизија ZDF нагласи дека сите вложуваат напори за завршување на конфликтот, но „не по цена на украинска капитулација“.

Запрашан за безбедносните гаранции на кои инсистираат европските сојузници и Украина, тој порача дека нивната суштинска улога е да ја спречат Русија во иднина повторно да нападне.

Сепак, канцеларот одби да прецизира дали Германија би поддржала испраќање свои војници во Украина.