Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот на Кожуф ставен под контрола

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие, заклучно со 7 часот утрово, во државата се евидентирани 23 пожари на отворен простор, од кои 22 се целосно изгаснати, а едниот – на Кожуф планина – е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Пожарите биле регистрирани во повеќе општини низ земјата, вклучувајќи ги Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково и Македонски Брод.

Во Гостивар се евидентирани четири пожари, во Кичево – три, а по два пожари имало и во општините Долнени, Липково и Старо Нагоричане.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за внимание и одговорност, особено во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари.