Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: Осум случаи доставени до Интерната комисија, побаран и надзор од Лекарската комора

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека до Интерната комисија се доставени осум случаи поврзани со можни неправилности кај кардиохируршки интервенции, а за истите е побаран и вонреден стручен надзор од Лекарската комора.

„Комисијата е составена од медицински експерти, правници и економисти и ќе работи според највисоки меѓународни стандарди. Целта е да се утврди вистината врз основа на медицински докази“, изјави Алиу.

Случаите, според министерот, се доставени од една јавна здравствена установа, а не од пациенти. Комисијата ќе се состане утре и ќе почне со обработка на досиејата.

Покрај домашните експерти, најавено е вклучување и на стручни лица од Словенија, Италија и Австрија, со цел да се обезбеди дополнителна стручност и транспарентност.

Алиу истакна дека ова е почеток на „терапија“ за здравствениот систем и дека контролата нема да се ограничи само на кардиохирургија.

„Никој нема да биде заштитен ако се докаже злоупотреба – ниту од јавното, ниту од приватното здравство. Но, исто така, никој нема да биде стигматизиран без докази“, рече тој.

Министерот потврди и дека во моментот не се вршат операции на Кардиохирургија поради недостиг од кадар. Се работи на билатерален договор со Словенија, кој ќе овозможи размена на медицински персонал и знаење, а дел од проектот предвидува доктори од Словенија привремено да работат во земјава.