Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

3,4 отсто раст на БДП во вториот квартал од 2025 година

/

пред 398 дена

Сподели преку :

Бруто-домашниот производ на Македонија во второто тримесечје од годинава порасна за 3,4 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Поголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 7,3 проценти, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 проценти.