Собранието за утре закажа седница на комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
На седницата треба да се определи датум за посета на АНБ. Според објавените информации собранискиот спикер Африм Гаши ја делегирал Славјанка Петровска да претседава со комисијата.
Претседател на комисијата е Скендер Реџепи, но тој претходно на прес-конференција соопшти дека нема да ја закаже седницата бидејќи нема безбедносен сертификат и не може да учествува во надзорната посета на тајната служба.
Гаши одлуката ја донел само ден по барањрто на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се изврши посета на АНБ.


Седницата има едиствена точка на дневен ред: Предлог на заклучок за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност.
Ако има злоупотреби во државни тајни и доверливи документи- Законот дозволува да се објават











