Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шеснаесет години од трагедијата во Охридското Езеро

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Шеснаесет години од трагедијата на Охридското Езеро, се навршуваат денеска кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица на Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Во чест на загинатите поставен е споменик во паркот кај каналот Студенчишта.