Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската економија забавува тврдат економистите

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Економските податоци од САД за август покажуваат дека во земјата за еден месец отворени се само 22.000 нови работни места што пак е значително помалку од очекувањата, дополнителен показател за забавување на економијата.

Ова е првиот извештај за пазарот на труд по контроверзната одлука на претседателот Доналд Трамп да ја отпушти директорката на Бирото за трудова статистика, која ја обвини дека ги “манипулирала” податоците за да го прикаже во лошо светло.

Иако бројот на нови вработувања е разочарувачки, стапката на невработеност „се смени минимално“, стои во извештајот, и остана на ниво од 4.3%.

Меѓувреме, ревидираните податоци за претходните месеци покажуваат дека економијата изгубила 13.000 работни места во јуни, но добила 79.000 во јули – малку повеќе од првичната проценка.

Одлуката на Белата куќа да го отпушти шефот на институцијата што ги објавува официјалните економски податоци предизвика силни реакции во јавноста и обвинувања за политизирање на статистичките извештаи.