Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за здравство побара, лекарска комора ги чека досиејата за вонреден надзор

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Tројца лекари и правници од Лекарската комора се вториот филтер на осумтте медицински досиеја кои веќе се во рацете на интерна комисија. Комората се уште ги чека документите. Претседателката Гривчева Старделова потенцира дека ако осумтте пријави не ги дадат одговорите ќе бараат дополнитени материјали за операции кои се под сомнеж. Меѓу лекарите кои ќе ги анализираат документите во име на комората не смее да има вработени во институциите кои се под здравствената истрага.

  • „Многу е сериозно да вие кажете дека некој што е опериран не требало да биде опериран, мора да се види од сите аспекти, сите можни документи да се процени ако се со недостиг да се соберат. Јас не можам да ја кажам динамиката, но вообичаено луѓето што се свикуваат во тие комисии за вонредни стручни надзори се навистина многу професионални, внимателно избрани“ изјави Калина Гривчева – Старделова претседател на Лекарска комора.

Комората тврди дека и досега од здравство барале да им одобри контроли во македонските болници,но во неколку наврати биле одбиени. Гривчева Старделова потенцира дека комората не може да врши надзор ако тој не е дозволен од  ДСЗИ, министерот за здравство, судот и на барање на пациенти или членови на семејство

  • „Повеќе години наназад, ние таа листа од здравствени установи некаде би ишле да правиме редовен надзор го праќаме на министерот за здравство и треба да добиеме дозвола да влеземе во некоја болничка установа не можете тек така да упаднете дојдов јас. Значи мора да ви се одобри согласно списокот, да ви се одобри дека вие можете да влезете и идете да направите стручен надзор, да проверите како се работи во таа медицинска установа. Неколку години наназад уредно, еднаш и два три пати праќавме и не сме добиле повратно и заради тоа тие редовни надзори не се направени, но вонредните надзори ги правиме многу“ Калина Гривчева – Старделова претседател на Лекарска комора.

По обвинувањата на Кедев за кои алармираа медиумите, министерот Алиу најави итна вонредна контрола од странски лекари, но во меѓувреме се формираше и интерна комисија од домашни експерти со што постапката трае веќе две недели.

Дури вчера стигнаа првите пријави за сомнителни операции кои прво завршија во рацете на интерната комисија а ќе ги аналзира и лекарската комора пред да се најдат пред странскиот тим експерти. Нема пријави од пациенти туку сите осум доаѓаат од една иста јавна здравствена установа. На документот до кои дојдоа медиумите потпишани се 16 лекари а на чело е кардиолот Кедев.

Симона Петровска