Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Tим од истражители од ОЈО ГОКК во АНБ на увид на нивната документација – се работи на обезбедување на докази

/

пред 394 дена

Сподели преку :

OЈО ГОКК ја известува јавноста дека постапува согласно своите законски надлежности и уставно загарантираниот принцип на законитост и еднаквост пред законот.

  • Во рамките на предистражната постапка денеска тим од истражители од ОЈО ГОКК беа примени во АНБ каде што беше договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите содржани во известувањата доставени до ОЈО ГОКК. Во рамките на денешниот работен ден двете институции демонстрираа коректен и професионален однос во насока на ефикасно спроведување на законските надлежности и заштитата на јавниот интерес. Со оглед дека станува збор за обемна и сензитивна документација врз основа на која треба да се обезбедат релевантни докази, како и фактот дека истата има степен на доверливост, увидот ќе трае во наредниот период, а ќе се преземаат и други предистражни дејствија, соопштуваат ОЈО ГОКК.

ОЈО ГОКК постапува исклучиво врз основа на докази, во рамките на законските процедури и со целосно почитување на правата на сите засегнати страни. Притоа, во интерес на постапката, а имајќи ја предвид тајноста на предистражната постапка, апелираме до медиумите и до јавноста да се воздржат од прерано изнесување на заклучоци додека трае постапката и не се утврдат фактите. ОЈО ГОКК навремено ќе ја информира јавноста за текот на постапката тогаш кога споделените информации нема да ја загрозат тајноста на предистражните дејствија.

Тајни служби како шерифи- Зејд Реџепи за недобивањето на сертификат, дали спикерот го згреши деловникот и ја прескокна процедурата за комисиска посета на АНБ