Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Попладнево во Кочани не се урна ниту една дивоградба- градежниот инспектор е во болница

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Во Трговскиот центар во Кочани попладнево не се урна ниту една од дивоградбите на угостителските објекти во Трговскиот центар.

Причината што не се изврши уривањето е здравствената состојба на градежниот инспектор.

Утринава бил на своето работно место, но попладнево општинските служби биле информирани дека е во болница во Штип.

Денеска во план и прависилно решение  за уривање имаше само за еден објект, додека останатите три објекти не беа предмет уривање, бидејќи сопствениците имаат поднесено жалби до второстепена Комисија.