Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МО на Украина: На територијата на Украина има околу 700.000 руски војници

/

пред 405 дена

Сподели преку :

Според Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина , на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.

Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов, во интервју за порталот „Новини.ЛИВ“.

Тој истакна дека таа бројка ги вклучува не само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.