Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лекарите бараат да се намали загадувањето- Пулмологија со зголемен број на пациенти

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Изгорени гуми,пластика,мебел, облека.. расфрлан шут и зафатени големи површини со пепел и црнило , а овој чад и по една недела остана да сведочи дека на ова место имаше пожар.

Барањата на граѓаните до надлежните за спас на нивното здравје се погласни, лекарите со полни раце работа. Го вклучија алармот дека загадениот воздух може да ги оштети белите дробови.

„Секој ден имаме по 50 до 60 пациенти што бараат помош во нашите амбуланти. Од тие може да кажам дека 20% се пациенти кои што за прв пат доаѓаат на нашата клиника и бараат помош заради тоа што велат дека имаат тешко дишење и имаат пролонгирана кашлица, имаат и други симптоми, горни и долни респираторни инфекции, кои бараат помош кај нас за да ги лекуваме тие проблеми“, вели Д-р Зекирија Шаини Клиника за Пулмологија и Алергологија.

 Лекарите бараат од институциите да преземат мерки за да се намали загадувањето, а до граѓаните со совети.

„Граѓаните треба да се заштитат колку што можат со нивни мерки, на пример во овие денови кога сме сведоци дека се палат многу диви депонии и многу материи кои директно влијаат врз респираторниот систем, треба да не излегуваат во тој период, да ги затвораат прозорците и да се заштитат ако излегуваат таму каде што се палат тие депонии барем да носат маски колку толку да се зашитат од тие инфекции затоа што не знаеме што се запалило какви материјали и има многу материјали кои што директно влиијат кои носат многу тешки болести на белите дробови“, вели Д-р Зекирија Шаини Клиника за Пулмологија и Алергологија

Пред една недела на дивата депонија Вардариште избувна голем пожар кој предизвика прекин на електричната енергија во општината Аеродром. Поради сериозноста на огнените стихии беа исклучени далноводите, а жителите на овој дел од Скопје, повеќе од два часа останаа без струја. Секојдневно се организираа протести за апел до надлежните час поскоро да го решат проблемот. Граѓани до Телма испратија видеа за кои тврдат дека пожарот настанал од кабли што биле запалени, а кои беа и доказ во полицијата дека тој е подметнат. Расфрлани кабли објективот на Телма забележа и денеска. Три лица се сомничат дека подолг период создавале диви депонии на Вардариште, па обвинителството поведе истрага и предложи мерка притвор. Осомничените вршеле откуп на старо железо и метали без дозвола и на импровизирани пунктови, со што го загрозувале здравјето на граѓаните и животната средина. На оваа локација и во месеците јуни и јули имаше пожар кој предизвика прекин на струјата поради оштетување на далноводите , а истиот случај беше и минатата година.

Симона Петровска