Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јункер: Трамп и Путин сакаат разединета Европа, потребно е европско единство

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека и американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин сакаат Европа да остане разединета и слаба.

Според него, Трамп не ја познава добро Европа и ја искористува нејзината разединетост за да ги промовира интересите на САД.

Јункер апелира за поголемо европско единство и зрело лидерство, нагласувајќи дека Европа мора да покаже трпеливост и дисциплина за да биде посилна во меѓународните односи.

Тој исто така рече дека не очекувал Русија да ја нападне Украина и дека мирот во регионот зависи од одлуките на Москва.

Поранешниот претседател на ЕК додаде дека повиците за поголема европска одбрана не се нови и дека сега општеството повеќе ја разбира потребата за силна и обединета Европа.