Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три жртви во големиот руски напад врз Киев

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Се зголеми бројот на загинати лица по големиот руски напад врз Киев кој се случи ноќта меѓу сабота и недела. Спасувачките служби денеска пронајдоа уште едно тело во урнатините на деветкатница погодена од нападот, со што вкупниот број на жртви достигна три.

Меѓу загинатите се и мајка и нејзиното тримесечно бебе.

Во најголемиот воздушен напад врз украинската престолнина од почетокот на војната, Русија испратила 810 дронови и ракети кон Киев.

Украинската воздушна одбрана успеала да неутрализира 747 дронови и 4 ракети, но дел од нападот сепак успеал да предизвика значителна материјална штета.

Погодена е деветкатница во која делумно се урнати неколку спрата, а во нападот биле повредени и повеќе луѓе.

Овој напад дополнително ги зголеми тензиите и стравувањата кај цивилното население во главниот град на Украина, кое веќе долго време живее со заканата од руски воздушни напади.