Д-р Александар Савески ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Општина Центар на претстојните локални избори.
Со симболика на денот на независноста градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска го промовираше носителот на листата во општината за која ќе се бори на локалните избори. Независен кандидат ќе ја предводи листата на СДСМ во општина Центар, познатиот хирург-ортопед, д-р Алек Савески влегува во политиката како носител на листа на социјалдемократите во Центар. Савески е специјалист ортопед во клинички центар Мајка Тереза. На јавноста и е познат како официјален лекар на македонската фудбалска репрезентација и еден од хирурзите кои ја изведоа првата трансплантација на коска од починат донор, во Македонија.
Савески ја прифатил понудата на кандидатот за иден градоначалник, а воедно и актуелен градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.
Савески, е специјалист ортопед, трауматолог на Клиниката за ТОАРИЛУЦ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој е официјален лекар на македонската фудбалска репрезентација.
Во оваа општина владејчакта партија не кандидараше име за градоначланик, и најави дека ќе го поддржи предлогот од редовите на коалициониот партнер ЗНАМ.
Засега мал е бројот на промовирани носители на листи за совети до партиите кој го испочитува рокот до први месецов.
Државната изборна комисија за поднесување предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписа на избирачи, информираше дека доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање листи за градоначалници на Општините и градоначалник на Град Скопје.
Доставени се и 68 иницијативи за предлагање листи на советници за Советите на Општините и Советот на Град Скопје.











