Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со „Синот“ од Зелер започнува 33. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

/

пред 392 дена

Сподели преку :

Со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благоја Мицевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“, вечерва ќе се отвори 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Во текот на шесте фестивалски денови публиката ќе има можност да погледне 12 претстави од четири земји.

Околу четириесет актери ќе се натпреваруваат за единствената награда на фестивалот – признанието за високи актерски достигнувања што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков.