Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ја бомбардираше Доха – таргетирани биле лидери на Хамас

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Израелските одбранбени сили извршија напади врз високо рангирани лидери на Хамас во главниот град на Катар, Доха.

Според израелските одбранбени сили, бил извршен „прецизен напад“ против лидерите на Хамас, при што биле преземени мерки за да се ограничи загубата на цивилни животи, вклучувајќи користење на прецизна муниција.

Според Хамас, цел на нападот биле членови на преговарачката делегација на оваа организација.

Министерството за надворешни работи на Катар, соопшти дека во нападот бил погоден станбен објект во кој престојувале повеќе членови на политичкото биро на Хамас, во Доха.  Според властите во Катар, нападот претставува големо прекршување на меѓународното право, додавајќи дека нема да го толерираат ваквото неодговорно израелско однесување и нарушувањето на безбедноста и суверенитетот на оваа држава.