Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лекорну ќе седне на премиерското столче во Франција

/

пред 401 дена

Сподели преку :

Елисејската палата соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорну е именуван за нов премиер на Франција.

Лекорну, некогашен десничар и соработник на претседателот Емануел Макрон е именуван за премиер откако Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка.

Францускиот Парламент вчера ја разреши владата на премиерот Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се изјаснија дека гласаа дека немаат доверба во Владата, додека само 194 и дадоа доверба.

Макрон сега може да распише предвремени избори или избор на петти премиер за помалку од две години.