Двојни игри, кршење протоколи или нешто трето. Пратениците од власта и опозицијата жестоко ги судрија ставовите и во вечерашната Топ Тема, обидувајќи се, едните да го одбранат, другите силно да го искритикуваат појавувањето на пратениците во скафандери, на вчерашното гласање на петиот пакет мерки. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ категорично отфла можност за онлајн седници.











