Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен: ЕУ мора да одговори на заканите од Русија, глобалната трговија и нестабилноста на Блискиот Исток

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата предупреди дека Европа се соочува со сериозни закани – од руската агресија врз Украина, до нови предизвици во светската трговија и нестабилноста на Блискиот Исток.

Таа најави нови мерки за финансиска поддршка на Украина, вклучително и користење на приходите од замрзнатите руски средства во ЕУ.

Само минатата година, од овие средства биле генерирани над 3,5 милијарди евра, кои веќе се користат за стабилизирање на украинската економија.

Се разгледува и идејата за „репарациски заем“ за воените штети предизвикани од Русија.

„Путин не покажува намера да ја заврши војната. Нашиот одговор мора да биде јасен – повеќе санкции и притисок за да се врати на преговарачката маса,“ истакна фон дер Лајен.

На седницата присуствуваше и Саша – украинско дете кое со баба му успеа да избега од руско заробеништво, симбол на илјадниците деца насилно одведени од Украина.

Во негова чест и на сите киднапирани деца, Фон дер Лајен најави самит на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца.

„Секое киднапирано дете мора да се врати дома,“ порача таа.