Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче следната недела ќе ги образложи македонските „црвени линии“ – Мицкоски со нетрпение го очекува предлогот

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Резолуцијата на социјалдемократите ќе биде подготвена неделава, а веќе од следната и испратена во законодавниот дом. Од СДСМ се отворени за дебата и оставаат простор да се дополни текстот со предлози на другите партии, во однос на позициите на Македонија на евроинтегративниот пат.

Во содржината се очекува да има рокови за спроведување на уставните измени, но нема рок до кога Резолуцијата да се најде на седница.

Претседателот на партијата, Филипче, очекува документот да не се злоупотребува во изборната кампања.

„Сметам дека најдобро е партиите да ја разгледаат, да дадат свои предлози и после тоа да ја дебатираме во Парламентот, за сето ова едноставно да не се злоупотреби или искористи за било какви теснопартиски интереси, поради тоа што е многу важна тема. Регионот оди напред. Може да направиме еве до локалните избори нека се разгледува материјалот убаво, сите нека дадат сугестии и веднаш по изборите да дебатираме. А, можеме и претходно. Јас сум отворен за сите опции“, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Премиерот Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува со свои предлози во текстот на Резолуцијата, но најпрво да се увери во искрените намери на политичките опоненти.

Претходно, од владејачката партија изразија сомнеж дека документот кој сѐ уште не е познат за јавноста, е само задоволување на бугарските барања.

„Ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет бидејќи демократијата така едноставно не функционира. Јас со радост ја очекувам Декларацијата и се надевам дека ќе имам неколку дена можност детално да навлезам во суштината, целите и намерата на истата. И ние како ВМРО-ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација за црвени линии“, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Еден од предлозите на СДСМ е, ако има ново вето од Бугарија и пречекорување на „црвените линии“ предвидени во текстот, Македонија веднаш да ги прекине преговорите.

Петар Догов