Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На подрачјето на град Скопје во наредните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Како што соопштуваат од Град Скопје, авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива во раните утрински часови на 12 и 13 септември, додека, пак, од 16 до 19 септември во период од 22 часот до 3 часот ќе се одвива терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци.

„Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно: Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и  на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден“, стои во соопштението.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, од Град Скопје велат истата ќе биде извршена во истиот термин првиот нареден ден кога ќе има поволни временските услови. Во соопштението е наведено дека Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.