Jaвното претпријатие Дрисла соопштува дека е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување.
Споре претпријатието сите тековни активности се извршуваат согласно техничко –
технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина,
здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи.
„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за
изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се
политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви
намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки
стандарди“ соопштуваат од ЈП Дрисла.
(видео)Скопските населби Лисиче и Аеродром се гушат во магла и чад
Депонијата Вардариште е обезбедена, а за Дрисла ќе се позанимава MВР рече Мицкоски











