Делови од Скопје и утринава се разбудија под густа магла, предизвикувајќи загриженост кај граѓаните и здравствените работници, кои алармираат дека се живее „како во гасна комора“.
Сѐ уште се чекаат официјални одговори за причините и последиците од пожарот на депонијата „Дрисла“.
Сомнежи за намерно потпалување, како и за несоодветно гаснење на пожарот, дополнително ја влошуваат недовербата.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот дека сметката на Дрисла моментално е блокирана, а видеонадзорот бил поставен само 7 дена пред пожарот.
Граѓаните бараат итни одговори и преземање одговорност за штетите и загадувањето што го трпат деновиве.











