Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата врши евакуација на жителите на скопско Трубарево чии домови се во непосредна близина на пожарот во фабриката.
Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации, рече тошковски.
По состанокот на Управвуачкиот комитет за справување со кризи, Тошковски рече дека мерењата на специјализираната служба на Министерството за одбрана не откриле радиолошко зрачење, но покажале голема загаденост на воздухот во непосредна близина на пожарот.
Во радиус од 150 метри околу пожарот е констатирано високо ниво на ризик, од 150 до 200 метри средно ниво, од 200 до 400 метри ниско ниво на ризик, а над 400 метри не се утврдени загадувања на воздухот кои би можеле да бидат штетни за граѓаните, соопшти министерот.
Дронот којшто се користи за надгледување на опожарената фабрика забележал температура од 500 степени на 50 метри височина над средиштето на огнот, посочи министерот Тошковски.











