Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крафорд го победи Канело за историја во професионалниот бокс (ВИДЕО)

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Теренс Крафорд го победи Саул „Канело“ Алварез и стана првиот боксер во историјата на спортот што успеал да стане непоразен светски шампион во три тежински категории.

Пред 70.000 навивачи на стадионот „Алиџент“ во Лас Вегас, Крафорд демонстрираше врвен бокс и сериозно го лиминитираше Алварез, кој на моменти ја покажа и својата фрустрација. Американецот на крајот победи на поени, но потесно од очекуваното.

Крафорд со својата 42.победа во кариерата на исто толку борби ги освои титулите во ВБА Супер, ВБЦ, ИБФ и ВБО дивизиите во супер средна категорија. Официјално стана првиот боксер во историјата што во исто време држел светски титули без пораз во три тежински категории, па покрај супер средна тој е шампион и во полусредна и полулесна категорија.

За Канело ова беше трет пораз во кариерата на 68 борбри, на кои има 63 победи и две ремија.