Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не ги заплашуваме граѓаните и не им се закануваме, тврди началникот на ГШ на српската армија за планираната воена парада

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Началникот на ГШ српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, изјави дека армијата не сака да учествува во политичката арена и игри, туку да стои настрана, отфрлајќи ги критиките дека воената парада ги заплашува граѓаните и им се заканува на соседите. Таквите критики тој ги оквалификува какоа „манипулација“.

Сите треба да се обединиме околу фактот дека она што ќе се прикаже следната сабота е национално, за гордост на сите. Оние на кои не им се допаѓа армијата, сигурно има такви, за да можат да стекнат доверба дека можат мирно да спијат. Додека постои ваква армија, Србија е безбедна, изјави Мојсиловиќ за ТВ Прва.

Зборувајќи за критиките во врска со парадата, тој рече дека е убеден дека некои сакаат да освојат политички поени со неа, наведувајќи дека армијата ќе ја надомести штетата доколку биде предизвикана.

Според него, „парадата ќе има порака за сите – за пријателите, сојузниците, радост и среќа, а за другите веројатно гнев и нервоза“, бидејќи ќе се види дека Вооружените сили се модерни, современи, добро вооружени и опремени, и дека зајакнувањето ќе продолжи.

Во врска со враќањето на задолжителната воена служба, тој рече дека се прават интензивни подготовки и следно нешто што треба да се направи е „усогласување на законодавната сфера со она што го сакаме – 75 дена воена служба“, за што српскиот Парламент треба да донесе закон.
В сабота на 20 септември во Белград ќе биде организирана воена парада на српската армија.