Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инцидент меѓу Израелци и Палестинци пред споменикот на Незнајниот војник во центарот на Атина

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Инцидент со физичка пресметка меѓу пет лица, од кои тројца Палестинци и двајца Израелци се случил вчера попладне на атинскиот плоштад Синтагма пред споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот парламент, а со телесни повреди здобил 29-годишен маж од Израел.

Како што соопштија од грчката полиција инцидентот бил меѓу тројца палестински државјани на возраст од 27, 26 и 25 години и 30-годишна жена и 29-годишен маж од Израел, а сите петмина биле приведени.

Кај палестинските државјани биле пронајдени и одземени шест пластични стапови, а на два од нив имало знамиња.

Споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот Парламент е една од главните туристички атракции во Атина.