Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Букурешт

/

пред 378 дена

Сподели преку :

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во своето петто финале годинава за жал не успеа да дојде до третата титула. Таа денеска беше поразена во финалниот меч на турнирот во Букурешт што се играше за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа загуби од Лили Тагер од Австрија во три сета со 4-6, 6-3 и 4-6, а мечот траеше 2 часа и 35 минути. Со овој пораз Македонката ја прекина низата од девет победи по ред, а на последните 20 мечеви има дури 17 победи.

За Ѓорческа ова беше петто финале сезонава, а четврто по ред, но за жал остана на две освоени титули во 2025 година или вкупно 15 во кариерата.

Со пласманот во финалето 31-годишната тенисерка освои 49 ВТА поени и од утре на најновата светска ранг-листа би требало да се пробие на 207.место.

Следната недела македонската тенисерка ќе игра турнир во Куршумлиска бања, Србија.