Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН: Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради сериозното загадување на воздухот

/

пред 398 дена

Сподели преку :

Учениците од сите основни училишта на територија на општина Гази Баба од денеска до петок ќе посетуваат настава онлајн, без физичко присуство, соопшти Министерството за образование и наука.

Одлуката е донесена поради сериозното загадување на воздухот што произлезе од големиот пожар во Трубарево.

Како што информираат од МОН, оваа мерка е во согласност со препораките донесени на итната седница на Владата, одржана поради влошената состојба со квалитетот на воздухот во скопскиот регион.

Целта е заштита на здравјето на учениците, наставниците и вработените во училиштата.

Министерството најави дека состојбата ќе се следи континуирано, а јавноста ќе биде навремено информирана за евентуални нови одлуки или продолжување на онлајн наставата, доколку ризиците по здравјето продолжат.

Родителите и училиштата се повикуваат на соработка и редовно следење на информациите од надлежните институции.