Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Жителите во Трубарево останаа затворени во домовите, децата не одат на настава, а во околината се чувствува лоша миризба

/

пред 391 дена

Сподели преку :

По големиот пожар во фабриката за рециклирање во Трубарево, жителите остануваат затворени во домовите поради силната миризба и загадување.

И покрај препораките за евакуација, многумина одлучија да останат во своите домови, додека службите интензивно работат на терен.

Учениците од сите основни училишта на територија на општина Гази Баба од денеска до петок ќе посетуваат настава онлајн, без физичко присуство, соопшти Министерството за образование и наука. Одлуката е донесена поради сериозното загадување на воздухот што произлезе од големиот пожар во Трубарево.

Во Трубарево поставени се и мерни станици кои во идните неколку дена, од час во час, ќе го мерат квалитетот на воздухот.

Симона Петровска се јави од Трубарево за Вестите на Телма во 12.30.

Определен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево