Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагично двојно убиство и самоубиство во Велес

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Во Велес попладнево се случи трагично двојно убиство, а лицето кое го извршило потоа си го одзело животот.

Жртви се 31-годишната Р.К. и нејзиниот татко, 74-годишниот К.К. Нападот го извршил 39-годишниот поранешен партнер на жената, кој потоа си го одзел животот.

„Двајцата биле убиени со нож, а напаѓачот потоа самиот се повредил и починал во болницата“, соопшти МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место во семејна куќа во центарот на Велес, од каде се подигнати траги и докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.