Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а потоа се самоубил

/

пред 384 дена

Сподели преку :

Уште една жртва на фемицид во Македонија. Попладнево во Велес 39-годишен маж од Скопје ја избодел до смрт поранешната партнерка, жена на возраст од 31 година и нејзиниот 68 годишен татко, па се самоубил.

Неофицијално, станува збор за случај добро познат во велешката полиција, затоа што жртвата и претходно го пријавувала за насилство и закани по нејзиниот живот. Според информациите од Општата болница во Велес, жртвите се донесени попладнево околу 16 часот.

„Дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места по телото. Се обиделе да го реанимираат но, не успеале. Потоа примено е и машко лице кое не давало знаци на живот. И во двата случаи е констатирана смрт“, велат од Општа болница Велес.

Случајот го потврди и велешката полиција. Пријавата во полициската станица е регистрирана во 15.30 часот. Полициска екипа се упатила во центарот на Велес, во семејна куќа на улицата Кочо Рацин каде ги пронашла трите тела. Јавен обвинител со екипа изврши увид на местото на убиството. Подигнати се траги и докази што ќе бидат предмет на вештачење. Телата на починатите ќе се дадат на обдукција.

Сузана Мицева