Синоќа пред 23 часот повторно избувна пожар во депонијата Дрисла, но овојпат на друго место, подалеку од претходно активните области.
На терен веднаш интервенирале скопските пожарникари, а поради специфичноста на пожарот и материјалот кој гори таму се интервенирало со затрупување на опожарената површина со помош на градежни машини.
Во гаснењето на пожарот се вклучиле и дел од вработените. По еден час пожарот бил целосно изгаснат и затрупан, со што е спречено негово понатамошно ширење.











