Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши затрупувањето на просторот со земја, увидот во Трубарево почнува утре – Обвинителството побара продолжување на притворот за осомничените

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Увидот на местото каде што беа објектите на „Ф групација“ за складирање на опасен отпад во скопско Трубарево кои изгореа во саботата ќе почне утре а ќе го координира скопското обвинителство. Денес во Трубарево заврши затрупувањето на просторот со земја на местото каде што беа објектите каде што избувна катастрофалниот пожар.

  • „Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација“, соопштија од Јавното обвинителство.

Обвинителството побара продолжување на притворот на четворицата осомничени за нови 48 часа.

На локацијата каде што беа двата хангари се уште се чувствува силна миризба која потекнува од литиумот и останатите опасни хемикалии кои сеуште горат под нанесената земја.

Ноќеска околу 23 часот повторно избувна пожар на депонијата Дрисла, на локација која се наоѓа на поголема оддалеченост од претходното жариште кое со денови ги труеше жителите на Скопје.

Според надлежните пожарот бил изгасен за околу час пред се благодарение тешката механизација која сеуште е во Дрисла и со која се затрупал и овој пожар.

МВР минатата недела најави дека ќе има полициско обезбедување на периметарот на депонијата која не е физички оградена, дека ќе бидат поставени термални камери и дека ќе биде активиран дрон.

На Вардариште пак сликата останува иста. На само педесетина метри од еден од влезовите во дивата депонија се овие купишта на смет, отпад и шут.

Иако надлежните најавија патролно обезбедување на депонијата во периодот додека екипата на Телма беше на локацијата не помина патролно возило, но немаше ниту луѓе. Од Владата засега нема најава  за преземање на надлежностите од Општина Гази Баба и решавање на овој децениски проблем на жителите на Скопје.

Од министерството за животна средина пак вчера соопштија дека со одлука на министерот и вицепремиер Меџити е затворена депонијата во селото Никуштак  бидејќи постоечката локација не ги исполнува еколошките стандарди.

Огнен Чанчаревиќ