И покрај тоа што надлежните уверуваат дека е под контрола состојбата со пожарот на Вардариште, жителите неуморно секој ден излегуваат да го искажат својот револт. И денеска во Општина Аеродром беше затворен булеварот, а граѓаните побараа почист воздух и одговорност за штетата и последиците кои тие ги трпат.











