Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ: Монструозни злоупотреби во политичка кампања

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за фото-монтажи кои се појавија на социјалните мрежи,  а во кои како виновници за трагедијата во Кочани се посочуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност.

Партијата го смета ова за монструозен обид политички да се злоупотребат настаните во Кочани со лажни обвинувања. Зад кампањата сметаат дека стои опозициската СДСМ и ги повикуваат институциите да реагираат.

СДСМ: патетична кампања на ВМРО ДПМНЕ

СДСМ најавува дека ќе поднесе кривична пријава за, како што ја нарекува, морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Патетична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста.

Најновата измислица на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал убиство на Мицкоски.

Имено, веб страницата убијците на Кочани е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути, пишуваат од СДСМ.

Од партијата бараат извинување од ВМРО-ДПМНЕ, а од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата.

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања.

СДСМ бара итно извинување од вмро-дпмне во спротив ќе поднесе тужба за клевета, соопшти партијата.