Каде затајува системот на превенција? Во Топ Тема дебата со Миша Поповиќ, истражувач во Институтот за демократија Социетас Цивилис, Тоше Зафиров, политиколог и Блаже Јосифовски, претседател на “Go Green”.
- „Ако сакаме да ги решиме проблемите треба да почнеме денеска да ги решаваме проблемите, а резултатите може да ги очекуваме после пет години и физибилити студијата за Вардариште е дека после 2-3 години може резултати да видиме“, рече Блаже Јосифовски, претседател на “Go Green”.
Според него проблемите со отпадот се забележани уште во извештаи од времето на Југославија направени во 80-тите години се исти и важат и за денеска.
- „Редовно политичарите проблемот го тргаат на страна, верувам дека реновирање на некој градски базен им носи многу повеќе гласови отколку санација на депонија. Ова е комплексен проблем. Нема град каде што нема проблем со депонија. Со климатските проблеми овој проблем уште повеќе ќе се зголемува. Потребно сериозно да се вложуваат ресурси“, дециден е Јосифовски.
За истражувачот Миша Поповиќ ова е резултат на политиката во која односот на безбедно живеење на луѓето се подразбира само како заштита од криминал, а другото е оставено на среќа.
- „Институциите кога треба да го обезбедат делот со безбеден воздух и заштита на животната средина и неа ја интересираат давачките на операторите кон државата, а како тие ќе го заштитат својот бизнис во однос на безбедноста на луѓето на тоа мислиме дури кога ќе настане штета. Не само депониите и случајот со Трубарево“, вече во вечерашната Топ Тема на Телма Поповиќ.
Според него излезот од сето ова е да проработат линиите на одговорност, прво и она што најретко го гледаме е обештетување. Сега скопјани дишеа нечист воздух по принципот „штетата ја плаќа загадувачот“ треба да се проба со групна тужба и да се бара отштета за сето ова загадување.
Политикологот Зафиров вели „гори заради корупција и заради неодговорност“.
- „Ако се вратиме наназад од деведесеттите наваму има еден еклатантен индекс кој што мери владеењето на правото, во овој момент 2024 тој индекс е понизок од 1991 година. Сме поминале, транзиција, бомби, СЈО и доаѓаме во ситуација во која владеењето на правото е уништено комплетно. Можеби најдобро е сите политички структури да седнат на иста маса. Не се грижиме да превенираме туку како да постапиме и какови изјави ќе дадат политичарите“, рече Зафировски.











