Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесет и пет пожари на отворен простор низ државата, активни три

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани во последното деноноќие. Од нив, три сè уште се активни, два се ставени  под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во општините Гази Баба, Гевгелија,  и Зелениково. Се работи за пожари кои зафаќаат нискостеблести и деградирани шуми, како и борови насади.Пожарот во с.Трубарево е ставен под контрола. Поголемиот дел од пожарите, вкупно 15, се изгаснати.Тие зафатија различни видови површини, како ниска вегетација, депонии, ѓубришта и стрништа.Надлежните служби апелираат до граѓаните за зголемена внимателност и пријавување на секое сомнително чадење или оган.