Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повик за вакцинација во Бугарија за Македонците со бугарски пасоши

/

пред 1996 дена

Сподели преку :

Додека се чекаат насоките за имунизација во државата со фајзеровите вакцини, стигна повик за за вакцинација во Бугарија за Македонците со бугарски пасоши.

БГНЕС објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува со имунизација и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, а како опција ќе им биде понудена и вакцината на Астра Зенека.

Засега нема информации колку граѓани ќе добијат шанса за вакцина во Бугарија.

Претседателот на фондацијата Милен Врабевски  потенцира дека никој од заинтересираните за вакцина нема да биде вратен, но сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош.

“Тоа не значи дека не размислуваме за другите браќа и сестри кои сè уште не успеале да добијат пасош, чекаат најмалку 25.000. Јас навистина сакам државата да застане зад мене во оваа иницијатива” – вели Врабевски за БГНЕС.

За регистрација и оргaнизирано вакцинирање, граѓаните ќе треба да да ги контактираат канцелариите на фондацијата во Скопје и Софија.