Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту една повеќе! – протест против родово базираното насилство во Скопје

/

пред 394 дена

Сподели преку :

„Ниту една повеќе“ – оддекна вечерва на протестот против родово базираното насилство пред зградата на МВР и Собранието.

Граѓаните го вклучија алармот, поради како што велат колективниот крах на системот и игнорантскиот однос на надлежните по смртта на Росица и нејзиниот татко. Со пароли  во рака побараа одговорност, оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители и вработени во Центрите за социјална работа

„Во последните пет години изгубивме најмалку 20 жени како кулминацијана повторени епизоди на родово базирано насилство. Во ваква средина секоја жена што во моментов се соочува со вознемирување, насилство, закани или демнење го носи ризикот да стане жртва на фемицид доколку институциите не постапат навремено во нејзин интерес и заштита“ – изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“.

„Бараме независна истрага за институционалните пропусти во случајот. Јавното обвинителство мора да открие кој дозволил кршење на издадени мерки за заштита и зошто не биле спроведени постоечките протоколи. Специјализирани механизми за заштита на жените“ – рече Марта Стевковска од мрежата Стела.

Институциите да не затајуваат кога треба да ги заштитат жените а не како досега насилниците да бидат на слобода, а жртвите да живеат во страв, беа дел од пораките на протестот.

Граѓаните посочија и дека Росица немаше да биде убиена ако се постапувало по протоколи, криците за помош биле слушнати, а реакциите навремени.

Повод за овој протест беше убиството на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, застрелани од поранешниот партнер Илија, кој потоа извршил и самоубиство.

Симона Петровска