Во понеделник се очекуваат првичните резултати од анализите на лабораторијата „Амбикон“ при УГД – Штип која започна со мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево, каде што неодамна изгоре складиште за електронски отпад.
На локацијата поставени се две мерни станици кои 24 часа дневно собираат материјал за анализа.
Ќе се испитуваат вкупно 32 елементи, вклучувајќи олово, жива, арсен, кадмиум и никел, како и други штетни соединенија и органски загадувачи.
Поради непознатата количина и состав на изгорениот отпад, засега не може точно да се одреди зоната на дисперзија.
Ќе се прават и дополнителни анализи на почвата и водата за утврдување на евентуално загадување и потреба од санација.











