Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува 46. издание на фестивалот „Браќа Манаки“- Дариус Конџи годинава ќе ја понесе наградата „Златна камера 300“

/

пред 381 дена

Сподели преку :

Од утре до 26 септември, Битола ќе биде центар на светската филмска уметност со над 70 филмови, специјални гости и богата програма. Организаторите денеска објавија дека се е подготвено за почетокот на 46. издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

Големото платно на Центарот за култура во Битола веќе го најави почетокот на најстариот фестивал на кинематограферите – „Браќа Манаки“. Пристигнуваат лауреатите, филмските работници и љубители на седмата уметност  од целиот свет.

Од утре до 26 септември, Битола ќе биде центар на светската филмска уметност. Се е подготвено за 46. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Организаторите најавуваат врвни филмски остварувања во главната програма, селектирани од фестивалите во Кан, Венеција и Берлин.

  • Организиравме издание со исклучително богата програма. Имаме над 70 филмови во официјалната селекција – во програмата на долгометражни и краткометражни филмови, документарната и студентската програма, како и во програмата Макпоинт, која публиката со радост ја очекува, бидејќи таа ја претставува нашата македонска кинематографија,“ изјави денеска на прес-конференција во Битола директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Кинематограферот Дариус Конџи годинава ќе ја понесе наградата „Златна камера 300“ за животно дело, а турскиот режисер Семи Капланоглу и кинематограферот Воли Фистер се добитници на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Композиторот Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура.

Фестивалот утре  ќе биде отворен со филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза и е дел од официјалната конкуренција.

Емилија Мисирлиевски