Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четиристотини пожарникари без плата обвинува опозицијата – власта демантира

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Ги бараа и дел ги најдоа на оглас. Аматери, волонтери прифатија и гасеа пожари или помагаа кога низ државата беснеа и по 30 пожари на ден се до денеска. Оние 400 пожарникари немаат земено ниту денар од ветените хонорари,– обвинуваат од СДСМ. Тие велат дека иако власта на овие млади луѓе им вети редовен ангажман, обуки и трајно вработување за најдобрите, оние кои беа селектирани и распоредени низ општините останале само со празни ветувања, наместо 24 илајди денари. Опозицијата тврди дека станува збор за свесна измама и евтин ПР-проект на власта.

„ Според информациите кои до нас ги доставија свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата. Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање”. Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно?“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Од Владата пак ги демантираат овие обвинувања. Велат дека исплатата е во тек и нема никаква поврзаност со изборите.

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина“, стои во соопштението на Владата. 

Пред неколку месеци, Владата најави дека ќе ангажира 400 невработени лица кои ќе помагаат во справување со пожарите. За месечен надоместок од 24 илјади денари. Но, сега неизвесно дели во вакви околности ќе добијат шанса за трајно вработување, и дали воопшто овие хонорарци ќе прифатат во иднина да бидат дел од системот за справување со пожари.

Дел од пријавените кандидати кои ја имале целата потребна документација поминаа дводневна обука и неколку дена потоа беа испратени на терен во испомош на гасење на пожарите.

Тамара Марковска