Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворено 46-тото издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Со проекција на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и со доделување на фестивалските признанија, вечерва во Битола беше отворено 46-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Најстарата светска манифестација посветена на кинематографијата и годинава носи селекција на филмови прикажани на престижните фестивали во Кан, Венеција и Берлин, кои ќе се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.

Златната „Камера 300“ за животно дело вечерва  му беше доделена на Дариус Конџи, ирански кинематографер со богата меѓународна кариера.Добитници на  наградите за особен придонес во светската филмска уметност  турскиот кинематографер  Семи Капланоглу и американскиот оскаровец Воли Фистер.

Македонскиот композитор Кирил Џајковски е добитник на признанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за неговиот придонес во филмската музика и културата, која ќе му биде врачена на затворањето.

Фестивалот ќе заврши на 26 септември со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, снимен од кинематограферот Наум Доксевски.