Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАТО може да одговори со воена сила на руските провокации во воздухот

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Ескалацијата на тензиите во североисточна Европа доби нова димензија откако чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека нарушувањето на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на руски воени авиони може да предизвика директен воен одговор, вклучително и соборување на леталата.

„НАТО мора соодветно да одговори, попуштањето не е опција,“ изјави Павел, нагласувајќи дека ваквите упади се легитимен повод за активирање на одбранбени механизми.

Според него, секое прекршување на воздушниот простор претставува сериозна закана по безбедноста на Алијансата и не смее да остане без последици.

Изјавата доаѓа по сериозен инцидент во кој три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа околу 12 минути, пред да бидат пресретнати од НАТО авиони. Настанот дополнително ги зголеми стравувањата од можна ескалација меѓу Русија и НАТО во Балтичкиот регион.